Технологија

Користите Спотифај? Оваа одлука нема да ви се допадне, стартува од септември

Спотифај моментално има над 615 милиони корисници ширум светот, од кои 226 милиони се претплатници на Премиум пакетот.

Користите Спотифај? Оваа одлука нема да ви се допадне, стартува од септември

Спотифај објави дека ја зголемува цената на претплатата во неколку земји од септември.

Стриминг услугата Спотифај објави ново зголемување на цената за својата Премиум претплата, кое ќе стапи на сила од септември 2025 година, на неколку меѓународни пазари, вклучувајќи ги Европа, Азија и Латинска Америка.

Како што објави компанијата, цената на индивидуалниот Премиум пакет ќе се зголеми од 10,99 евра на 11,99 евра месечно. Одлуката е дел од пошироката стратегија на Спотифај за подобрување на услугата и постигнување поголема профитабилност.

Промените ќе влијаат на корисниците во Јужна Азија, Блискиот Исток, Африка, Европа, Латинска Америка и Азиско-пацифичкиот регион. Компанијата планира да ги извести корисниците за зголемувањето на цената преку е-пошта во наредните недели.

Ова е второ зголемување на цената за една година, откако Спотифај веќе воведе корекции на одредени пазари во текот на 2024 година. Компанијата вели дека дополнителното финансирање е потребно за понатамошни инвестиции во платформата, вклучувајќи го развојот на функционалноста и проширувањето на музичката и подкаст содржината.

Спотифај моментално има над 615 милиони корисници ширум светот, од кои 226 милиони се претплатници на Премиум пакетот.

To top