Останати спортови

Муратоглу му врати на Иванишевиќ

Муратоглу му врати на Иванишевиќ

Накратко, пред да стигнеме до последниот коменатар, да се осврнеме како започна целата оваа тениска драма. Хрватскиот тенисер кој сега има тренерска кариера, Горан Иванишевиќ, беше долги години тренер на Новак Ѓоковиќ.

Неодамна, тој стана тренер на грчкиот тенисер Стефнос Циципас а и иако оваа соработка заврши за помалку од два месеци, донесе драма што не би се очекувала ни од долгогодишно тренирање.

Во целата сага се замеша и тренерот Патрик Муратоглу, кој остро го критикуваше пристапот на Хрватот, по што изјави дека е “подобро да не каже што мисли за него”.

Сега повторно Муратоглу се огласи по повод коментарите кои за него ги даде Иванишевиќ во неодамнешното интервју.

“Лесно е да освоите 12 Гренд слеми кога го тренирате најдобриот од сите. Тој му го должи целиот свој успех на Новак. Јас ја водам најголемата тениска Академија во светот. Горан нема работа, не може да остане со играч ни повеќе од една недела”.

To top