Актерот Милан Васиќ пред неколку дена ги изнесе сопругата Маја и синот Деспот од породилиштето.
Милан сега објави момент од семејниот дом, поточно од него како пие кафе и пуши цигара на тераса и насмеа многумина.
-Вчера влезе во куќата и веднаш ме исфрли на терасата, напиша актерот.

Овие слатки маки им се познати на сите татковци. Детето добива приоритет веднаш, а во домот повеќе нема место за цигари и пиење кафе.
Пред неколку дена, Милан Васиќ го прослави доаѓањето на наследникот како што доликува, па организираше прослава за блиски пријатели и роднини.