Македонија Гајдарец-Клепало

Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани во Македонија

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола е еден пожар, а седум се изгаснати. 

Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани во Македонија

На територија на државата регистрирани се девет пожари на отворен простор од кои активен е само пожарот кај селото Стровија кај местото викано Гајдарец-Клепало во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола е еден пожар, а седум се изгаснати.

Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна. Таму гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Најнови вести од Македонија

To top