Фудбалерот на англискиот Вест Хем, Лукас Пакета, официјално е ослободен од сите обвиненија за наводно „местење“ натпревари и резултати, објави независната регулаторна комисија на Премиер лигата.
Обвинението беше покренато пред две години, а конечната одлука оди во прилог на фудбалерот кој постојано негираше било каква вмешаност во скандалот. Англиската федерација го обвини Пакета за намерно добивање жолти картони, со што нелегално се стекнал со добивки преку обложување во разни земји, но не беа пронајдени конкретни докази за такво нешто.
Пакета се соочуваше со доживотна забрана за играње фудбал, но успеа да ја докаже својата невиност. Член е на Вест Хем од 2022 година, а претходно играше за Лион, Милан и бразилскиот Флменго.