Кошарка

Илиевски: Романија е физички силна, ама фокусот е ќе ни биде на себе

Илиевски: Романија е физички силна, ама фокусот е ќе ни биде на себе

Прес-конференција на Македонската кошаркарска федерација на ден пред одигрувањето на првиот меч од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Пред новинарите во прес-салата на спортската сала во Куманово, каде утре вечер од 20.часот, во распродадената сала, комплетно реновирана, Македонија ќе ја дочека репрезентацијата на Романија, говореа селекторот Марјан Илиевски, и најискусните играчи во нашата селекција, Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли.

„Можеби и често се повторувам за овој краток период со истиот заклучок, а тоа е дека имаме многу промени за кратко време. Репрезентацијата е драстично променета, временски кратко сме заедно за да имаме високи очекувања.

Можам само да го истакнам делот, дека сум презадоволен од начинот на кој се тренира и се работи во овој период. Сликата што ја имаме од двете средби со Швајцарија, иако е позитивна, никако не смееме да се потпреме на неа бидејќи не смееме да гледаме на работите еуфорично.

Момците кои се овде, се играчи кои со гордост ќе го носат дресот на Македонија, ќе донесат една нова енергија и се надеваме дека пред полна сала каква што очекуваме, ќе го дадат најдоброто од себе. Она што го имаме како квалитет, енергија, младост, желба за победа, ќе го покажеме на терен“– истакна Илиевски на средбата со новинарите.

 

To top