Dropbox соопшти дека целосно ќе ја прекине својата услуга за лозинки на крајот на октомври оваа година.
Dropbox Passwords, услуга за складирање лозинки, ќе биде трајно исклучена на 28 октомври 2025 година, соопшти компанијата.
Станува збор за алатка што Dropbox ја лансираше во 2020 година, но која, како што велат, повеќе не е во фокусот на развојот. Корисниците ќе мора да ги преземат и префрлат своите лозинки на други услуги до тој датум, бидејќи сите податоци потоа ќе бидат неповратно избришани.
Од 28 август 2025 година, корисниците ќе можат да користат само режимот view only за постојните лозинки – повеќе нема да можат да додаваат нови, ниту да ја користат опцијата за автоматско пополнување.
Од 11 септември, мобилната апликација ќе престане да работи, а податоците ќе бидат достапни само преку додаток во интернет прелистувачот.
Конечно, на 28 октомври, Dropbox Passwords се исклучува целосно.
Dropbox вели дека сите корисници може да ги извезуваат своите лозинки директно од апликацијата или додатокот. Како алтернатива, тие препорачуваат услуги како што се 1Password и Bitwarden, кои нудат можност за лесно внесување податоци.
Доколку корисниците не преземат мерки до дадениот рок, нивните лозинки ќе бидат трајно избришани, без можност за обновување.