На 31.07.2025 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, атар на с.Лисец, тетовско, патничко возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 57-годишната З.И. од Тетово, излетало од патот.
-Во несреќата со тешки телесни се здобила З.И., а со телесни повреди се здобила нејзината 27-годишна сопатничка Б.Р. од Тетово, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.