Музика „Balkan song No.11“

Виолинистката Пламенка Трајковска со нов сингл снимен со гудачки квартет во чест на Илинден

„Balkan song No.11“ е дел од новиот албум „Балканско патување“ – музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони, создавајќи уникатен и пленителен звук.

Виолинистката Пламенка Трајковска со нов сингл снимен со гудачки квартет во чест на Илинден

Македонската виолинистка Пламенка Трајковска во чест на празникот Илинден, објави нов сингл насловен „Balkan song No.11“ – интензивна музичка приказна која ќе биде премиерно прикажана со видео спот утре, напладне, на 2 август на нејзиниот YouTube канал.

Овој, како што се посочува, изведбен бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна „Билјана платно белеше“. Автор и изведувач е Пламенка Трајковска, заедно со талентираните музичарки Милена Гиевска Андоновска (виолина), Љубица Бошкоска (виола) и Александра Јаневска (виолончело).

„Balkan song No.11“ е дел од новиот албум „Балканско патување“ – музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони, создавајќи уникатен и пленителен звук.

Синглот е сниман во студиото „Подрумот“ со звукот на Ангел Ќосев и веќе е достапен на сите големи музички платформи како Spotify, iTunes, Deezer и други, наведува уметницата Трајковска.

Најнови вести од Музика

To top