Фудбал

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

ФК Вардар го заврши своето кратко европско лето со убедлив пораз на гостински терен од Лозана, Швајцарија – со резултат 5:0, што значеше и елиминација од понатамошните квалификации за европските натпреварувања.

Македонскиот претставник не успеа да се спротивстави на далеку поквалитетниот ривал, кој уште во првото полувреме ги потврди амбициите и класата.

Домашниот тим започна фуриозно и веќе до 33. минута имаше водство од 2:0. Првиот гол беше дело на Дусен, по асистенција на Кустиодио, додека вториот го постигна Сене, по убаво проигрување од страна на Лекуеири. Токму Сене беше најзабележителен на теренот – со два гола во првото полувреме, од кои вториот дојде длабоко во судиското надополнување, по асистенција од Дусен.

Во вториот дел, продолжи торнадото на домаќините. Ајдини во 55. минута зголеми на 4:0, а точка на натпреварот стави Траоре во 84. минута, по додавање од Око. Сите замени кај двата тима не донесоа суштинска промена – Вардар немаше енергија, ниту тактичка длабочина за да се врати во мечот, а секоја нивна грешка беше казнета.

To top