На 30.07.2025 во 08.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска Крстосница – Манастир „Св.Јован Бигорски“, на место викано „Болетен“, М.И.(49) од с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, управувајќи мотоцикл „кимко“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.