Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема ja напушти Џеда од лични причини, поради што не беше ниту на последниот тренинг на клубот во петокот.
Францускиот фудбалер има кризен период во Саудиска Арабија, поради што се најде на удар на тамошните навивачи.
Приврзаниците на Ал Итихад му го дадоа прекарот „Бен Хазима“, што на арапски значи „син на поразот“, а Бензема потоа реши да го избрише својот профил на Инстаграм.
Бензема минатото лето му се приклучи на Ал Итихад од Реал Мадрид, на 20 натпревари постигна 12 голови.