Искусниот голман на Тотенхем, Уго Лорис, кариерата ќе ја продолжи во МЛС шампионатот.
Светскиот шампион со Франција во 2018 година го напушта Тотенхем по 11 години. Тоа беше јасно уште на почетокот на оваа сезона, бидејќи неговиот договор истекува во јуни, а тој самиот го загуби местото во тимот.
Искусниот 37-годишен голман кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес во составот на ФК Лос Анџелес, каде што моментално е Џорџо Киелини. Се очекува тој да потпише едногодишен договор со опција за продолжување.