Актуелниот шампион во НБА-лигата, Денвер нагетс ја прекина серијата од шест победи по ред откако е поразен од тимот кој последен го совлада, Оклахома сити тандерс со 119:93.
Првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ со 19 поени и 10 скока беше единствен расположен играч кај Денвер. Одлучувачки момент беше третата четвртина која Оклахома ја доби со 14 поени разлика и за вторпат во последните две недели го победи Денвер.
Интересно е што на последните четири дуели меѓу овие две екипи, секогаш славеле гостите.
Кај Оклахома сити тандерс блескаше Шеј Гилџес-Александер со 40 поени, а одличен беше и дебитантот Чет Холмгрен кој во директен дуел со Јокиќ даде 24 поени.
Милвоки бакс предводен од тандемот Јанис Адетокумбо – Дамиjан Лилард со 119:111 го совлада Кливленд кавалирс. Адетокумбо даде 34, а Лилард 31, додека кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 34 и Џарет Ален со 30 поени.