-„Верувам дека желбата на мнозинството е таа морална ерозија да престане, но не верувам дека тоа ќе се случи, затоа што црвот на корупциата веќе се вовлече, како и црвот на криминалот, црвот на завршување работи преку познати или ваму или онаму. Сетоа тоа тешко се искоренува. Но секој пат, па и најдолгиот пат, започнува со првиот чекор. Чинам дека ова е најголемиот прв чекор за да тргнеме во тој правец и да тргнеме по тој пат“, вака претседателот на МААК, Страш Ангеловски во „За или против“ со Љупчо Цветановски ја коментира интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, која иам шанса да стане почеток на крајот на морланата ерозија во македонското право.
Зборувајќи за врвната хипокризија на СДСМ и ДУИ, кои пред неполн месец го користеа Љупчо Коцевски како орнамент на прес-конференции на кои истиот го обвинуваа за селективност, за да денеска го нарекуваат професионален и непристрасен, не гласајќи за неговото разрешување, Ангеловски вели дека не зачудува затоа што СДСМ е производ на двојните стандарди.
-„Таа хипокризија и тие двојни стандари, за жал, кога јас гледам по книгите што сум ги објавувал дека за прват за двојните стандарди пишував во 2003-та, како нешто што им се заканува на опшстествата, но и на целото човештво. СДСМ е производ на двојните стандарди на меѓународната заедница, ваквото СДСМ е производ на двојните стандарди на таа Меѓународна заедница која се’ што работи, работи со двојни стандарди. Нормално е таквото СДСМ веќе да не е ниту политичка апртија, туку веќе е голема невладина организација на либералите прибрани во ЕУ. Не е далеку од умот да се однесуваат така, лицемерно и со двојни стандарди“, потенцира Ангеловски.