За негово разрешување, не гласаа само СДСм и ДУИ.
Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Собранието изгласа и заклучок – Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.