Република Македонска Каменица

Пожарот во Косевица и Моштица под делумна контрола – екипите на терен

Голема благодарност до сите учесници за пожртвуваноста. Продолжуваме со будно следење на состојбата, изјави градоначалникот Атанасовски.

Пожарот во Косевица и Моштица под делумна контрола – екипите на терен

Пожарот кој веќе трет ден беснее во атарите на селата Косевица и Моштица, делумно е ставен под контрола на критичните точки, информираат од Општинскиот кризен штаб.

Состанокот на Штабот се одржа во текот на ноќта во кабинетот на градоначалникот Димчо Атанасовски, при што беа договорени утринските активности за гаснење. До Центарот за управување со кризи беше испратено официјално барање за воздушна поддршка, лесна механизација и вклучување на припадници на Армијата на Република Македонија.

🔥 НАЈНОВА ВЕСТ 🔴 ПОЖАРОТ ВО КОСЕВИЦА И МОШТИЦА ПОД ДЕЛУМНА КОНТРОЛА – СИТЕ ЕКИПИ ОСТАНУВААТ НА ТЕРЕН 🔥

Македонска…

Posted by kamenica.mk on Tuesday, July 29, 2025

Гаснењето започна во раните утрински, а активностите беа концентрирани кај маалата Горанци и Караџевци во Косевица, како и во делови од селото Моштица. На терен интервенираат 30 припадници на Армијата, пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица, вработени од Национални шуми и ЈП „Камена Река“, како и претставници на Полицијата, Шумската и Граничната служба.,

„Голема благодарност до сите учесници за пожртвуваноста. Продолжуваме со будно следење на состојбата,“ изјави градоначалникот Атанасовски, додавајќи дека екипите остануваат на терен сè до целосно неутрализирање на пожарот.

To top