Фудбал Ле Паризиен

ПСЖ не успеа да се договори со Донарума

Во услови на лоши преговори со Донарума, Пари Сен-Жермен размислува да го потпише Лук Шевалие од Лил.

ПСЖ не успеа да се договори со Донарума

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, би можел да го напушти клубот, објавува „Ле Паризиен“.

Преговорите со 26-годишниот Италијанец за продолжувањето на соработката стигна до ќорсокак.

Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челзи се заинтересирани за голманот.

Во услови на лоши преговори со Донарума, Пари Сен-Жермен размислува да го потпише Лук Шевалие од Лил.

Донарума одигра 47 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2024/25 и прими 43 гола со 17 „чисти“ мрежи. (МИА)

To top