Ракометниот клуб Астибо активно го гради ростерот за новата сезона во која одново ќе се натпреварува во Суперлигата.
Откако минатата сезона сензационално се пласираа во плеј-офот, сега во штипскиот клуб промовираа четири нови ракометарки.
На списокот на новајлии се најдоа: бекот Клементина Ѓурческа која има настапи за Металург и Куманово, крилото Ангела Петровска, а од ЖРК Шампион пристигнаа бекот Мила Филипова и кружниот напаѓач Марија Бојковска.
Покрај новите имиња, клубот соопшти дека ја продолжува соработката со Елена Димова, што е дополнителен мотив за амбициозна сезона пред тимот од Штип.