Кошарка

Илиевски: Треба да го поддржиме овој млад тим

Илиевски: Треба да го поддржиме овој млад тим

Селекторот Марјан Илиевски повторно нагласи дека е среќен од тоа што го гледа во подмладениот состав на Македонија.

„Секогаш ќе се сложам без разлика на постигнатите поени, да примиме што помалку. Победивме и вчера како денес, ме радува тоа што инсистираме да работиме со енергија. Во однос на грешките и загубените топки се подобривме од претходниот натпревар. Пак не красеше транзицијата, а и секој го даваше својот максимум.

Имаме една седмица пред Романија, во оваа фаза и начинот на кој игравме задоволен сум, ама имаме многу да сработиме.Денес дел од играчите се жалеа на болка, но тешко е и да изротираш 17 играчи одржувајќи целосен ритам. Игравме со млад тим кој мора да го поддржиме и вчера доста ротиравме, иако се случуваше пад во некои моменти. Денес сакавме да одиграме со играчите на кои ќе се потпираме повеќе. Немам омилена петорка, започнавме со различен тим од вчера и досега имаме визија кој колку може. Добро е што играчите се учат меѓу себе.

Романците уште не ни се анализирани, уште не знаеме кој е нивниот конечен тим и со кој „странец“ ќе настапат во Куманово“, изјави Илиевски.

To top