Фудбал

Англичанките ја одбранија европската титула

Англичанките ја одбранија европската титула

Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија.

По 90 минути резултатот беше 1:1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1:1, на крајот Англија победи со 3:1 на пенали.

Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на Светското првенство во Сиднеј од пред две години.

Апсолутен херој на Англија е младата голманка Хана Хемптон, која во одбрани три пенали.

To top