Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на трката за ГН на Белгија која се возеше на патеката „Спа“. Трката почна подоцна од предвиденото заради силен дожд, а стартот беше од боксот.
Иако тргна од второто место, Пјастри во текот на дождливата патека ја доби битката со клупскиот колега Ландо Норис кој тргна од челната позиција. Третото место на подиумот му припадна на Чарлс Леклерк од Ферари.
Четвртото место е за првакот Макс Верстапен од Ред Бул, петти и шести се Расел од Мерцедес и Албон од Вилијамс, а возач на денот е Луис Хамилтон кој од осумнаесеттото место на крајот дојде до бодови и седмата позиција. Следната трка во Формула 1 се вози во Унгарија.