Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар го освои овогодинешниот Тур Д’Франс и уште еднаш ја потврди својата репутација како еден од најдоминантните натпреварувачи на својата генерација.
Ова е четврта титула на престижната трка за 26-годишниот Погачар, кој првпат триумфираше уште на 21-годишна возраст. Возејќи за екипата на UAE Team Emirates, Погачар со своите перформанси повторно се вброи меѓу најдобрите велосипедисти во историјата на овој спорт.
Неговата четврта титула донесе историја, затоа што Словенецот стана најмладиот со четири титули во низа на овој настан.