Самер Мекинтош освои златен медал на трката на 400 метри слободно на Светското првенство во Сингапур.
Канаѓанката беше најбрза во оваа дисциплина, завршувајќи го пливањето за 3:56,26 минути, што беше доволно за златен медал и убедлива победа.
На втората позиција се пласира Бингџи Ли, кинеската пливачка имаше задоцнување од 1,95 секунди. Од друга страна, Кејти Ледецки освои бронза со време за 2,23 секунди побавно од Мекинтош.