Американецот со македонски пасош без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски, за повторно да заигра за Македонија, пишува КФМ. Македонската репрезентација во Гевгелија се подготвува за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година, во Катар.
– Знам дека репрезентацијата е подмладена и сметам дека тоа е природна работа. Да, добро е што младите кошаркари ќе добијат можност да блеснат на сениорско ниво. Допрва ќе тренираме и ќе се уигруваме, свесен сум дека во овој процес на подмладување мојата улога како лидер ќе биде уште позначајна, но подготвен сум за тоа. Ќе дадам сѐ за да помогнам, да внесам позитивна енергија на тренинзите и на натпреварите, да помогнам со своето искуство и да дадам придонес да стигнеме до што подобри резултати – рече Вајли, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија.