Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: СДС додека ја спроведува бугарската агенда паралелно е и политички чадор на ДУИ за спас на кариерата на Ахмети

СДС се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и коректор на власта СДС избра да ја одржува кариерата на Али Ахмети и да ја врати ДУИ на власт, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Спрегата СДС- ДУИ преку политичка соработка прерасна во коалиција за заштита на криминалните интереси, заштита на ДУИ и обединување со една заедничка цел, спас на кариерата на Ахмети и враќање на ДУИ на власт. Дали СДС е заштитник или заложник на ДУИ? Со што толку Ахмети ги задолжи Заев и Филипче што по секоја цена се обидуваат да му ја спасат политичката кариера? Активната соработка на СДС оди до таму што се жртвуваат реформски и државни интереси само заради опстанок на коалицијата. СДС нема црвени линии, со прифаќањето на уценувачките позиции во односите со Бугарија и потпишувањето на договори што го загрозуваат идентитетот, СДС свесно и со намера се стави во служба на бугарската политичка агенда, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот ја препозна оваа спрега СДС-ДУИ, која не е за унапредување на државата туку за уназадување. Време е за заштита на националниот интегритет, јасна борба против корупцијата, политичкото калкулантство и надворешните диктати, додаваат од владејачката партија.

To top