Изјава на Ресми Ејупи, Вреди
„По 1 година владеење, нашите резултати ги чувствуваат уште повеќе граѓаните. ВЛЕН уште еднаш ја потврдува бескомпромисната посветеност за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните во секој агол од земјата. Со јасна визија и институционална решителност, спроведуваме 43 големи проекти во 33 општини, во вредност од над 227 милиони денари, насочени кон изградба на водоснабдителни системи, канализациски мрежи и ефикасно управување со водите.
Чиста вода, модерна санитација и заштитена животна средина се трите столба врз кои е изграден овој амбициозен инвестициски план, кој ќе влијае на стотици илјади граѓани од Кичево до Свети Николе, од Охрид и Струга, до Тетово, Арачиново, Студеничани, Чаир, Радовиш, Градско и многу други. Особено, ВЛЕН со гордост го истакнува почетокот на проектот за изградба на канализациска мрежа за селото Џепчиште, инвестиција од 30 милиони денари, потпишан во Министерството за животна средина и просторно планирање, во присуство на министерот Изет Меџити и локалните претставници.
Овој проект не е само цевковод или техничко досие, туку неопходен чекор кон урбано достоинство, јавно здравје, заштита на животната средина и одржлив рурален развој.
Ова е ВЛЕН: политичка сила која не прави компромиси со ветувањата, која не продава илузии, туку спроведува проекти со конкретно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните.
Градиме секој ден, со работа, визија и одговорност, бидејќи иднината не чека. Албанските населби и секоја друга општина која го сака развојот, го чувствуваат присуството на ВЛЕН, не со изборни слогани, туку со конкретни инвестиции и видливи резултати.
Благодарение на министерот Изет Меџити и неговиот тим, Министерството за животна средина стана клучен инструмент на позитивната трансформација на земјата, со проекти што оставаат свој белег и ја менуваат реалноста во општините. Продолжуваме напред, со граѓанинот во центарот, со транспарентност, со професионализам и со целосна посветеност на јавниот интерес.
ВРЕДИ за земјата, ВРЕДИ за граѓанинот, ВРЕДИ за иднината!“