Република Тппе Кочани

Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Спречена е можноста огнот да допре до околните викендички.

Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Пожарот што вчера попладне избувна во атарот на селото Нивичани е целосно изгаснат. Сепак, на терен е оставена дежурна екипа пожарникари со цел да се исклучи секаква можност од повторно избувнување, информира Драган Апостолов, командир на кочанската Територијална против пожарна единица.

Огнот во атарот на кочанското село Нивичани избувна доцна попладне. Гореше трева и нискостеблеста шума на просторот од Нивичани до селото Пантелеј, оддалечени едно од друго четири до пет километри.

Спречена е можноста огнот да допре до околните викендички. Повредени нема. Допрва ќе се утврдува предизвиканата штета.

To top