Фудбал трансфер

ВИДЕО: Москера потпиша за Арсенал

Кристијан е разновиден дефанзивец кој ќе го засили нашиот тим. Тој е интелигентен играч со добра брзина“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

ВИДЕО: Москера потпиша за Арсенал

Шпанскиот дефанзивец Кристијан Москера (21) ги напушти редовите на Валенсија и потпиша договор со Арсенал, објави лондонскиот клуб.

Арсенал и Валенсија не ги открија деталите околу трансферот, но англиските медиуми јавија синоќа дека младиот Шпанец потпишал петгодишен договор со откупна клаузула од 15 милиони евра.

„Кристијан е разновиден дефанзивец кој ќе го засили нашиот тим. Тој е интелигентен играч со добра брзина“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Москера е петтото засилување на лондонскиот клуб ова лето откако на „Емирати“ пристигнаа Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Кепа Аризабалага (Челзи), Кристијан Норгард (Брентфорд) и Нони Мадуеке (Челзи).

Претходно англиските медиуми објавија дека шведскиот напаѓач на лисабонски Спортинг, Виктор Ѓокереш, исто така е на чекор кон потпишување договор со Арсенал.

To top