Република Музичка младина на Македонија

Во Битола концерт на учесниците од младинскиот музички камп „Етно Македонија“

Завршниот концерт ќе почне во 21 часот, а се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и во соработка со Музичка младина на Македонија.

Во Битола концерт на учесниците од младинскиот музички камп „Етно Македонија“

Млади музичари, учесници на интернационалниот музички камп „Етно Македонија“ што се одржува во Битола, вечер на платото пред Офицерски дом ќе приредат концерт со музика од своите култури, застапена на четири континенти.

Пред публиката во Битола ќе настапат млади музичари од Србија, Данска, Финска, Хрватска, Унгарија, Перу, Шведска и Шпанија, кои заедно со македонските врсници ќе изведат заеднички композиции создадени на кампот „Етно Македонија“:

-Уникатноста на „Етно Македонија“ лежи во неговиот пристап – учесниците се запознаваат за првпат на почетокот на кампот и во текот на десет дена заеднички учат и споделуваат музика од своите култури. Овој камп покажа колку музиката може да биде моќна алатка за поврзување на луѓето, без разлика на потекло, јазик или искуство. „Етно Македонија“ не само што нуди простор за музичко истражување и интеркултурен дијалог, туку и ја претставува Битола како отворен град-домаќин, каде традицијата и младешката енергија создаваат магија, истакна во пресрет на вечерапниот заеднички концерт, Верица Ајтовска, координаторка на меѓународниот музички камп.

Завршниот концерт ќе почне во 21 часот, а се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и во соработка со Музичка младина на Македонија.

To top