АТП направи промени во однос на бодувањето за турнирите под своја капа. Така, од 2024 година нема да се доделуваат ист број бодови како што тоа беше случај во годината која изминува. Од следната година ќе се доделуваат повеќе бодови на сите турнири.
Наместо досегашните 1.200, за пораз во финале на Грен слем сега ќе се добива 1.300 поени. На најголемите четири турнири за полуфинале наместо досегашните 600 ќе се добива 800 поени, за четвртфинале 400 наместо 360… Поразените во првото коло наместо 45 поени, ќе добиваат пет повеќе.
Што се однесува до Мастерс турнирите, финалистите ќе добиваат по 650 поени, 50 повеќе од досега, а полуфиналистите по 400 наместо 360.
Промената ќе биде лоша за тенисерите кои се послабо рангирани од стотата позиција и тие кои играат на челенџер турнирите. По промените, за победа на челенџер турнир од најсилната серија ќе се добива 175 поени, а за најслабата за победа по 50.