Останати спортови

Што нè очекува на вториот натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025?

Што нè очекува на вториот натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025?

Вториот натпреварувачки ден донесува уште еден динамичен натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025.

Младите спортисти продолжуваат со настапи во вкупно дванаесет спортови на повеќе локации во Скопје и Куманово.

Ќе продолжат атлетските возбудувања во неколку дисциплини, а љубителите на пливањето ќе можат да следат нова серија утрински квалификации, како и полуфинални трки во повеќе дисциплини, меѓу кои и 100 м слободно, 200 м пеперутка и штафети.

Од екипите спортови за издвојување се кошарка, одбојка, ракомет и баскет 3х3, каде се играат клучни мечеви во групната фаза, а на програмата се и натпревари во џудо, пинг-понг, гимнастика, бадмингтон, велосипедизам и стрелаштво.

Над 700 волонтери се вклучени во реализацијата на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, внесувајќи младешка енергија, ентузијазам и позитивен дух на секој чекор. Тие се тука да пречекаат, насочат, помогнат и охрабрат – и за учесниците, и за публиката, и за сите гости на фестивалот.

Волонтерите доаѓаат од различни делови на земјата и Европа, обединети од заедничката желба да бидат дел од едно големо спортско доживување. Нивната улога не е само логистичка – тие се амбасадори на пријателството, на соработката, на вредностите на олимпискиот дух и, пред сè, на иднината што ја гради оваа млада генерација. Токму нивната посветеност и искрена насмевка го прават фестивалот топло, безбедно и инспиративно место за сите млади спортисти што го сонуваат својот олимписки пат.

To top