Свет Потписници

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

Државите потписнички се подготвени да преземат дополнителни чекори за да го поддржат итното примирје и да обезбедат политички пат кон безбедност и мир за Израелците, Палестинците и целиот регион, се истакнува во документот. 

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

Велика Британија и повеќе од 20 други земји денеска повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и го критикуваа моделот за испорака на хуманитарна помош што го применува израелската влада, нарекувајќи го опасен, дестабилизирачки и понижувачки за жителите на Газа.

-Ние, потписниците наведени подолу, се обраќаме со едноставна, итна порака – војната во Газа мора веднаш да запре, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија, Австралија, Канада, Данска и други држави.

Државите потписнички се подготвени да преземат дополнителни чекори за да го поддржат итното примирје и да обезбедат политички пат кон безбедност и мир за Израелците, Палестинците и целиот регион, се истакнува во документот.  (МИА)

To top