Свет Екстремни температури

Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени, а најсилен ветер имало во Гренланд – 220 километри на час

Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет.

На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 степени.

Најстудената точка во светот денеска напладне беше Восток на Антарктикот, каде се измерени минус 74,2 степени.

Најсилeн ветер е регистриран во Гренланд, каде налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во Хонавар.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во Европа, најжешко било во Турција, каде што дури осум градови се меѓу десетте најжешки. Во Батман се измерени 42,6 степени, во Дијарбакир 41,9 степени, а во Урфа 41,7 степени.

Два града во Шпанија се меѓу десетте најжешки – Сиеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.

На швајцарскиот врв Јунгфрајох се измерени нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа денеска напладне.

Најмногу дожд во Европа наврна во шкотското село Абојн, а најсилен ветер дуваше во Австрија, на аеродромот во Инсбрук, каде се регистрирани налети на ветер од 104 километри на час.

To top