Свет Сирија

Сирискиот претседател ја потврдува својата посветеност на заштитата на малцинствата во земјата

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја потврди својата посветеност на заштитата на малцинствата во земјата, среде објавувањето од сириското претседателство за прекин на огнот во Свеида, каде што повеќе од 700 луѓе загинаа во судирите меѓу друзите и бедуините.

Сирискиот претседател во телевизиско интервју нагласи дека „Сирија ќе ги заштити сите малцинства и заедници“, осудувајќи го насилството во претежно друзската област околу Свеида и ветувајќи дека сторителите на злосторствата ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Непосредно пред објавувањето прекин на огнот, Министерството за внатрешни работи на Сирија објави дека безбедносните сили на сириската влада веќе почнуваат да го распоредуваат својот персонал во областа.

Ахмед ал-Шара им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за нивната клучна улога како посредник во постигнувањето на прекинот на огнот и за нивната поддршка за Сирија во ова тешко време. Тој, исто така, изрази благодарност до арапските земји и Турција за дадената помош.

Амбасадорот на САД во Анкара, Том Барак, вчера објави дека Израел и Сирија постигнале договор за прекин на огнот меѓу себе.

To top