Фудбал од 50 милиони евра

Штутгарт ја одби понудата на Баерн за Ник Волтемаде

Штутгарт ја одби понудата на Баерн за Ник Волтемаде

Раководството на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Понудата на Баварците изнесува 50 милиони евра, вклучувајќи уште 5 милиони бонуси и 10% од секоја идна продажба на напаѓачот.

Сепак, според голем број германски медиуми, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а раководството на Штутгарт ќе биде подготвено да ја продаде својата голема ѕвезда за 65 милиони евра.

Волтемаде постигна 12 гола во Бундеслигата минатата сезона, а потоа настапи многу силно на Европското младинско првенство, каде што стана најдобар стрелец.

To top