„Црвено-црните“ извојуваа сигурна победа во првото соочување со Ла Фиорита, а Гоце Седлоски најави дека нема да дозволи неговите избраници да се опуштат на реваншот во Сан Марино.
„Како прво уште на мечот во Скопје им кажав на играчите дека нема опуштање. Видовме какви екипи испаѓаат. Мора да покажеме и овде зошто сме дојдени. Резултатот од 3-0 не треба да нè залажува. Сите сме свесни и ние и играчите. Утре сме без 3-4 важни играчи, тие кои ќе истрчаат на терен ќе го дадат максимумот. Некои играчи првпат играат вакви мечеви, не потценуваме никого, спремни сме да засилиме ритам и темпо. Вакви мечеви се незгодни, влегуваме како да е 0-0“, рече вардаровиот тренер.
Натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар е закажан за в четврток, со почеток од 21:00 часот.