Република дезинсекција

Во Општина Чашка утре прво авионско прскање против комарци

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот ден, во истиот временски термин.

Во Општина Чашка утре прво авионско прскање против комарци

Прва авионска дезинсекција против комарци ќе се спроведе утре од 05:00 до 07:00 часот во Општина Чашка.

Како што информираат од Општина Чашка, прскањето ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, кој е одобрен од Бирото за лекови, а ќе бидат опфатени населени места долж речните корита на реките Бабуна, Тополка, Мелничка, Изворчица и Војничка.

Авионскиот третман вклучува повеќе села, меѓу кои Чашка, Мелница, Лисиче, Голозинци, Еловец, Раковец, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, Владиловци, Смиловци, Стари Град, Врановски Анови и Војница.

Од локалната самоуправа апелираат пчеларите навреме да ги затворат кошниците. Заштитните мерки треба да се почитуваат за време на прскањето и во период од најмалку три до четир часа потоа.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот ден, во истиот временски термин.

To top