Ракомет ЕП 2026

Битола повторно домаќин на ракометарките на Македонија

Женската ракометна репрезентација на Македонија како прв противник ја има селекцијата на Словенија, а натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“. Дуелот е закажан за 19.октомври во 18 часот.

Битола повторно домаќин на ракометарките на Македонија

Ракометната федерација на Македонија го одреди градот домаќин – Битола за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2026 во женска конкуренција што ќе се игра во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

Женската ракометна репрезентација на Македонија како прв противник ја има селекцијата на Словенија, а натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“. Дуелот е закажан за 19.октомври во 18 часот.

Пред овој дуел женскиот национален тим ќе одигра натпревар на гости против Германија, на 16.октомври.

Во рамки на неделата на ЕХФ во месец септември, женската репрезентација на Македонија ќе биде домаќин на турнирот „Трофеј Македонија“ што ќе се игра во Охрид, а ќе настапат: Египет, Тунис и Грција.

To top