Кошарка

Џордан е најдобар во историјата на НБА

Џордан е најдобар во историјата на НБА

Американскиот спортски портал „Бличер рипорт“ објави ранг-листа на 100 најдобри кошаркари во историјата на НБА, а на првото место е легендата на овој спорт – Мајкл Џордан.

Листата е креирана од новинари, уредници и аналитичари на оваа реномирана веб-страница, кои ги анализирале сите клучни критериуми – од статистика и индивидуални награди, преку успех во плејофот и освоени титули, до културното значење и чистата величина на играчите во историски контекст. Првото место, како што се очекуваше, му припаѓа на Мајкл Џордан, додека меѓу првите десет се наоѓаат и Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Бил Расел, Шекил О’Нил, Тим Данкан, Лери Бирд, Вилт Чемберлен и Стеф Кари. Интересно е што Коби Брајант, петкратен шампион во НБА, е само на 11. место. Меѓу Балканците, највисоко котира Никола Јокиќ, кој е рангиран на високото 17. место, што е уште една потврда за неговото извонредно влијание врз играта и доминација во изминатата деценија. Тој е зад Кевин Гарнет, а пред Дирк Новицки, Дејвид Робинсон и Џулиус Ирвинг, што, според експертите на „Бличер рипорт“, го сместија меѓу 20 најголеми имиња што НБА некогаш ги имала.

To top