Фудбал

Наполи се откажаа од Нуњез

Наполи се откажаа од Нуњез

Според фудбалскиот познавач Фабрицио Романо, италијанскиот шампион Наполи денес го известил Ливерпул дека се откажува од интересот за Дарвин Нуњез.

Наводно, иако Нуњез беше расположен за трансферот во Италија, сепак цената која Ливерпул ја побарале за него била прескапа за Наполи.

Сега, Наполи решиле дека на негово место ќе потпишат договор со Лоренцо Лука од Удинезе, но сепак се очекува Нуњез да го напушти Ливерпул ова лето.

Како што се зборуваше изминативе денови, во игра сега се некои од клубовите од Саудиска Арабија, кои понудиле да ја исплатат целосната сума за напаѓачот на шампионите од Премиер лигата.

To top