Хроника

Мотоциклист тешко повреден, се судрил со автомобил управуван од 18 годишник

Мотоциклист тешко повреден, се судрил со автомобил управуван од 18 годишник

На 14.07.2025 околу 12.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од с.Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од с.Черкези, кумановско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Најнови вести од Хроника

To top