Македонија прес-конференција

Крстовски: Блажевски, симбол на заевизмот, неработење, уништување, предавства и лично богатење

Кандидатот Блажевски, кој ветува дека ќе градел и ќе го подобрел животот во Јегуновце, но не прецизира на кого му се обраќа зошто кога имаше шанса истиот Блажевски единствено го подобри животот на своето семејство и го збогати само своето семејство преку уцени и закани во полза на семејните фирми, рече на денешната прес-конференција Никола Крстовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ги прелажа граѓаните и раководеше со општината, не само што не оствари никакви резултати, туку беше познат по тоа што едвај се појавуваше на работа. Негова единствена одлука која ја донел е затворање на Јавното комунално претпријатие, а со тоа згаснаа и услугите кои се суштински, примарни, неопходни за нормално функционирање општината. Историјата не потсетува дека заедно со својата фамилија, приграбија и приватизираа општествен имот, ги презедоа речиси сите локали, кои му припаѓаа на народот и ги претворија во своја лична сопственост. Наместо јавен интерес, за нив секогаш на прво место е семејниот бизнис. Ги лажеше луѓето со приказни за отворање на Југохром, а токму тие, тој и неговите, го уништија и го оставија во пепел. Доста беше од бизнисмени и корумпирани политичари. Граѓаните се уморни од лажни ветувања, скриени зделки и политичари како Блажевски што со години се грижат само за себе и својата фамилија. Доста беше од истите лица, што се појавуваат на избори само кога ќе им затреба глас, а потоа исчезнуваат со полни џебови, истакна Крстовски.

Диме е човек од народот, вреден, скромен и посветен. Зад него стојат видливи и реализирани проекти. Жителите на општина Јегуновце веќе го препознаваат, не по ветувања, туку по резултати, додаде тој.

Најнови вести од Македонија

To top