Читач од усни ги откри разговорите на Доналд Трамп со играчите на Челси откако американскиот претседател се приклучи на прославата на трофејот на Клупското светско првенство на ФИФА, објави Daily Mail.
Трамп гледаше од трибините како Челси обезбеди изненадувачка победа од 3:0 против европскиот шампион ПСЖ. Откако доби третман како ВИП за време на натпреварот заедно со првата дама Меланија и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп зазема централно место за време на предавањето на трофејот.
Трамп, кој беше исвиркан од дел од публиката, му ја предаде златната ракавица на Роберт Санчес за анјдобар голман на турнирот. Гледачите можеа да видат како Инфантино го претстави Трамп на Кол Палмер, додека ѕвездата на Челси и Англија се искачуваше да ја прими наградата за најдобар играч на турнирот.
Експертот за читање од усни, Џереми Фримен, откри дека Трамп имал зборови на восхит за Палмер откога ја видел неговата неверојатна игра во финалето.
„Јас сум најголемиот фан на Челси. Јас сум голем фан на вас. Добро сработено“, рекол Трамп, според Фриман, откога му ја даде Златната топка за најдобар играч на турнирот.
Палмер, за кого се знае дека малку зборува во интервјуата по натпреварите, наводно одговорил „ви благодарам“ пред повторно да се приклучи на своите соиграчи.