Останати спортови СП ватерполо

Црна Гора ја совлада Грција во дербито на првото коло

Црна Гора ја совлада Грција во дербито на првото коло

На Светското првенство во спортови на вода што се одржуваат во Сингапур стартуваа и натпреварите на машкиот ватерполо турнир. Во дербито на колото Црна Гора минимално со 10:9 ја совлада селекцијата на Грција.

На другите натпревари немаше изненадувања, а за одбележување е натпреварот со најмногу голови Шпанија ја совлада Јапонија со 22:16.

Резултати прво коло: Србија – Јужна Африка 27:3; Канада – САД 9:18; Кина – Хрватска 6:25; Бразил – Сингапур 19:8; Шпанија – Јапонија 22:16, Унгарија – Австралија 18:6; Црна Гора – Грција 10:9 и Романија – Италија 5:17.

To top