Кошарка

ЦСКА Москва се враќа во Евролигата

ЦСКА Москва се враќа во Евролигата

Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

– Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

 

To top