Останати спортови 2:0 во сетови

Швјонтек по победата: Никогаш не очекував да го освојам Вимблдон

Во своите последни зборови таа посака сите да уживаат во утрешното машко финале меѓу Синер и Алкараз. 

Швјонтек по победата: Никогаш не очекував да го освојам Вимблдон

На убедлив начин полската тенисерка Ига Швјонтек во финалето без загубен гем ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2:0 во сетови.

Во официјалното обраќање на Централниот терен, Швјонтек изјави:

-Никогаш не очекував дека ќе го освојам Вимблдон. Секогаш претходно се чувстував нервозно кога минува покрај Централниот терен, но оваа година уживав и се чувстував комотно на теренот. Искрено уште не знам, како да не е реално.

Во своите последни зборови таа посака сите да уживаат во утрешното машко финале меѓу Синер и Алкараз.  (МИА)

To top