Останати спортови

Македонските јуниори поразени од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

Македонските јуниори поразени од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

Mашката репрезентација на Македонија до 19 години загуби синоќа со 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) од Романија, во второто коло на Балканското првенство во Бања Лука.

И покрај поразот макеоднските јуниори се во игра за пласман во полуфиналето, а тоа ќе зависи од исходот на денешната пресметка против Турција.

Почетокот на овој дуел, кој е во рамки на завршното трето коло во групата А, е закажан за во 15:30 часот. Во воведното коло, Македонија го совлада домаќинот Босна и Херцеговина со 3-1.

To top