Хроника

Возач (78) и сопатничка (81) повредени во сообраќајка во Дебреше

Возач (78) и сопатничка (81) повредени во сообраќајка во Дебреше

На 10.07.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат во с.Дебреше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, управувано од У.К.(23) од Р.Турција, со привремен престој во с.Врапчиште, и патничко возило „шевролет“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Н.И.(78) од с.Врапчиште, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.И., додека сопатничката од истото возило В.И.(81) од с. Врапчиште се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Најнови вести од Хроника

To top