Фудбал

Силекс и Работнички со порази во Лигата на Конференции, Вардар чекори кон следната рунда

Силекс и Работнички со порази во Лигата на Конференции, Вардар чекори кон следната рунда

Трите фудбалски екипи претставници од Македонијаа имаа настапи во Лигата на конференции на УЕФА. Два тима беа поразени на гостински терен, додека еден славеше како домаќин.

Вардар оствари убедлив триумф против Ла Фиорита од Сан Марино со 3-0. Освојувачот на Купот головите ги постигна дури во вториот дел, откако погодија Омерагиќ, Јанкулов и Мато за убедлив триумф, кој треба да биде доволен пред реваншот на гостински терен. Во втората рунда Вардар ќе се сретне против Лозана од Швајцарија.

Екипата на Работнички се наоѓа пред елиминација уште во првото коло од Лигата на Конференции, откако со 3-0 загубија на гостувањето кај Торпедо Бегаз од Белорусија. Натпреварот се одигра на неутрален терен во Унгарија.

To top